Доделени медали и пехари на учениците од средните училишта од проектот „Пролетни денови на училишен спорт“ во Штип

Доделени медали и пехари за најдобрите три средни училишта во рамки на спортската манифестација „Пролетни денови на училишен спорт“, која се организира од страна на општина Штип во соработка со Сојузот на училиштен спорт на град Штип.

Денес беше одигран финалниот натпревар во футсал меѓу екипите на СОУ „Коле Нехтенин“ и СОУ „Славчо Стојменски“, каде победникот беше тимот на гимназијата.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов им го честиташе успехот на сите екипи, додавајќи дека нивната цел како општина е да промовираат здрави правилни вредности кај најмладите.

Директорката на ООУ „Димитар Влахов“ Невенка Величкова, рече дека е голема честа што токму нивното училиште е домаќин на финалниот натпревар во футсал, а во рамки на овој спортски проект.

Претседателот на Сојузот на училишен спорт Зоран Арсов, истакна дека овој проект го реализираа заедно со општината, кој започнал во месец март, а биле одиграни 14 натпревари преку кои се добил победникот.

Во одбојка прво место зеде екипата СОУ „Јане Сандански“ која го подигна и шампионскиот пехар, второ место беше гимназијата „Славчо Стојменски“, а трето место за „Коле Нехтенин“.

Во футсал шампионскиот пехар го подигна СОУ „Славчо Стојменски“, второто место го освои СОУ „Коле Нехтенин“, а третото место му припадна на тимот од СОУ „Јане Сандански“.

Целта на овој проект во иднина ќе биде да земат учество и основните училишта, а притоа да се вклучат и други спортови покрај одбојката и футсалот.

Александар Ванев, М-Нет