
Денеска во просториите на Факултетот за образовни науки при УГД беше промовирана книгата „Во сенка на вистината “ од Душко Цацков. Станува збор за необјавени проза и поезија во перидот од 1949 до 1955 година. При создавањето на книгата и самиот истакна дека со колешката Анита Илиева од МАНУ дошле до многу интересни сознанија, како и тоа дека успеале да ја откријат повеќеслојноста на истата.
„Уредувајќи ја оваа книга дојдовме до навистина интересни сознанија, ја откривме повеќеслојноста на оваа книга иако на почетокот тоа не изгледаше така. Едното е дека авторот како да знаел дека ќе биде писател тој стил што го негувал во зародишот на творечкиот опус со текот на времето го издефинирал и се профирирал во она што навистина стана. Пораките што ни ги праќа се толку универзални.“ изјави Цацков
Оваа книга претставува и олицетвроение на врвна генерација на поети со кој што тој израснал кои зад себе имат оставено врвни и значајни дела.
„Ни праќа порака не дека треба туку морат да успеат онаа генерација со кој тој израснал, како професорот Методи Чепреганов, поетот Ренџов, Томе Парчаклиев, Кожухаров, Богољуб Јовев, не само локално туку и глобално.
Токму во книгата „Сенка на вистината“ се наоѓа алката која го заокружила неговиот научен и творечки опус.
Лаура Стојанова, М-Нет