Фирмата која работи на Линија 2 оштетила постоечка водоводна лиија, без вода Три Чешми, Долна Железничка и индустриската зона

Без вода за пиење остануваа Три чешми, населба Долна Железничка во Штип и иднустриската зона. Фирмата која работи на проектот за Линија 2 оштетила постоечка главна водоводна линија со што овој дел од градот е без вода за пиење. Двете линии, постоечката и новата на која се работи, не се поврзани меѓусебно. Од ЈП „Исар“ велат дека се на терен и ќе работат на санирање на дефектот, иако настанатата ситуација не е по нивна вина. Децидни се дека мора граѓаните да се снабдат со вода за пиење. Екипа на ЈП „Исар“ ќе работи се до санирање на дефектот.