
СОУ „Коле Нехтенин“-Штип започнува со одбележување на својот патронен празник. Првата активност е турнир во шах која се организира во соработка со шаховскиот клуб „Нов напредок“ од Штип. Оваа активност се организира веќе втора година во просториите на училиштето каде може да се забележи дека интересот кај младите расте за овој спрот.
„Оваа активност веќе ја праиме втор пат и видовме дека учениците покажаа особен интерес и сметаме дека треба да вклучиме голем број ученици и тоа се случува и денес. На турнирот се присутни ученици од четирите општински училишта. Зошто е важна оваа игра? Во оваа игра е примената на правилни и вистински чекори како што е всушност и во животот.“ изјави Шалева.
Децата се вљубени во шахот, а тоа се покажува преку интересот на ваквите турнири. Ова е втора година по ред што го организираме овој турнир, со цел да расте интересот кај младите за играње шах, посочи организаторот.
„Можеме да се пофалиме дека вчера имавме класификации за втора лига помеѓу 18 екипи убедливо сме прво место. И сакаме по училиштата во Штип да организираме турнир. Благодарејќи на ова училиште ова е втор турнир кој штo го организираме овде. Ова е всушност пример дека децата се вљубени во шахот.“ посочи Смолиќ.
На настанот денеска учествуваа ученици од повеќе средни училишта во Штип. За победниците се предвидени награди, благодарници и пофалници.
„Имаме учесници од медицината, гимназијата, текстилната. Расте популарноста кај децата шахот и во иднина мислиме ќе биде се помасовно. За победниците имаме награди предвидени, дипломи за прво, второ и трето место како и благодарници за сите училишта.“ посочи Гигов
Дел од учениците учествуваат за првпат, друг дел се втора година дел од турнирот во шах. Велат дека станува збор за спорт во кој е потребно мислење, ама за младите преставува и релаксација.
„Прв пат учествувам на турнир по шах и сметам дека во иднина треба да се организираат вакви турнири бидеќи тоа е добар спорт, забава за младите рекреација“
„Ова ми е втор пат на учество на овој турнир. Шахот е игра која што треба само многу мислење, не е обичен спорт. Ова е добро за рекрерација и за слободно време“ изјави Петров
Се смета дека овој спорт се повеќе ќе го зголемува интересот кај младите каде и другите училишта во иднина ќе почнар да организираат вакви турнири.
Лаура Стојанова М-Нет