
Во недела ќе се одиграат натпреварите од последното 30. коло од Втората лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.
Фатмир Бафто од Охрид ќе биде главен во Куманово каде ќе играат Башкими и Тетекс, Миле Лазов ќе им суди на Победа и Беса, Игор Стојчевски ќе биде главен во Кочани каде ќе играат Осогово и Пелистер.
Јосип Бартон ќе им суди на Беласица и Арсими, Марјан Стојановски на Новаци и Скопје, Никола Иванов ќе биде главен во Македонска Каменица каде ќе играат Саса и Вардар Неготино.
Иле Никодиноски ќе им суди на Детонит Плачковица и Караорман, а пак Борче Павловиќ ќе им суди на Охрид и Кожуф.
Сите натпревари ќе започнат во 17 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 30. КОЛО ВТОРА ЛИГА:
Охрид – Кожуф, Борче Павловиќ (Скопје)
Детонит Плачковица – Караорман, Иле Никодиноски (Скопје)
Каменица Саса – Вардар Неготино, Никола Иванов (велес)
Новаци – Скопје, Марјан Стојановски (Кичево)
Беласица – Арсими, Јосип Бартон (Скопје)
Осогово – Пелистер, Игор Стојчевски (Скопје)
Победа – Беса, Миле Лазов (Неготино)
Башкими – Тетекс, Фатмир Бафто (Охрид)
Александар Ванев, М-Нет