Награди по математика, германски јазик и музичко за ученците од ООУ „Малина Поп Иванова“ Кочани

Низа награди на натпревари по математика, музичко и германски јазик освоија учениците од кочанското основно училиште Малина Поп Иванова. Ученичката Илијана Стоилкова од девето одделение на државниот натпревар по математика го освоила второто место. Но, нејзината наставничка вели дека ученичката континуриано се рангира на лисите за државен натпревар од шесто одделение.

„На државниот натпревар по математика одржан на 11 мај ова година ученичката Илијана Стоилкова од девето одделение го освои второто место. Исто така, сакам да напоменам дека ова не е прво освоено место за ова ученичка, таа континуирано учествува од шесто до девето одделение секој пат се пласира на државните натпревари и секој пат освојува некое место. Веројатно оваа година ќе учествува и на јуниорската математичка олимпијада, а уште чекаме официјално известување.“ – вели

Имено истата ученичка Илијана учестувала и на натпревар по германски јазик. На регионалниот натпревар таа го освоила првото место, а на државниот второ. И ученичката Кристина Крстова на регионалниот натпревар го освои третото место. Наставничката Велкова вели дека тоа за нив како училиште значи многу, но се радуваат дека и децата учат и се борат да постигнуваат.

„Ова година јас со моите ученици од девето одделение со ученичката Илјана Стоилкова и Кристина Крстова најпрво учествуваме на регионалниот натрпевар по германски јазик во Штип. Постигнавме солидни резултати и обезбедивме пласман за државниот натрпевар односно олимпијадата по германски јазик во Скопје. На регионалниот натпревар Илајана го освои првото место, а Крстова третото место. На државниот натпревар Илјана ја доби втората награда и постигна висок пласман на овој натпревар.“ – додава Велкова.

Како и секоја година така и годинава се одржал регионален и државен натпревар за оркестри и хорски ансамбли каде учениците од ова училиште освоиле 99 поени и се пласирале први на ранг листата.

„Како и секоја година и оваа година се одржа регионален и државен натпревар за оркестри и хорски ансамбли. Секоја година, годинава ОУ „Малина Поп Иванова“ на државниот натрепавар го освои првото место со 99 поени. Настапувавме од групата, учениците настапуваа во мешан ансанбл.“ – изјави Петрова

Директорот на училиштето посочи дека во училиштето се работи масимално, наставничките и помагаат на учениците да се стекнат со нови знаења, а учениците ги примаат и се натпреваруваат и се надеваат дека во иднина истите ќе бидат пример за следните генерации.

Лаура Стојанова, М-Нет