„Фалангата“ загрижена за неизвесната иднина на Брегалница, одржан состанок меѓу општината и клубот!

Четири и пол часовен состанок меѓу верната навивачка група „Фаланга“ и раководството на Брегалница во клупските простории на Партизанска б.б., во изјава за телевизија М Нет, Ристе Иваноски како претставник од „Фалангата“ рече дека сопственикот Кирил Гогов ја признал вината како што вели Иваноски и ја преземал одговорноста за лошите резултати.

Иваноски пред камерите на телевизија М Нет рече дека 50 – 50 била изјавата на Гогов дали ќе остане или ќе си замине од клубот.

Иваноски вели дека вчера бил одржан состанок со градоначалникот и претставници на двете политички партии.

Иваноски додека дека ќе имаат уште еден состанок, на кој ќе разговараат со Гогов за неговите планови со Брегалница.

Од општина Штип за телевизија М Нет потврдија дека вчера била остварена редобна средба меѓу сопственикот на клубот и локалната самоуправа како акционер.

„Како и минатите години, на крајот од сезоната остварена е редовна средба помеѓу сопственикот на клубот и локалната самоуправа како акционер. Како локална самоуправа во името на јавниот интерес сакавме да бидеме запознаени за следните чекори на сопственикот бидејќи ФК Брегалница е симбол на градот и клуб со огромно емотивно значење за жителите од градот под Исарот. Во деновите кои следат јавноста ќе биде информирана од страна на клубот за сите потези кои ќе следат после оваа неуспешна сезона“, се вели во соопштението на општина Штип.

Како што претходно информираше телевизија М Нет, од Брегалница посочија дека по завршување на сезоната ќе направат анализа за целата сезона и согледување на причините зошто клубот испадна во Втората лига.

Брегалница по три сезони одиграни во Првата македонска фудбалска лига, испадна во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет