Куманово и Шкендија Арачиново со нови победи, БВК Коњаре со висока победа

„Фенерџијата“ ССК Нова на домашен терен се распадна одново откако загуби од Фортуна со високи и убедливи 1:5. На овој меч единствен стрелец за домашниот тим беше Џаферовски, а пак за гостинот Мифтар и Љимани беа двојни стрелци, а Алија беше стрелец на еден гол.

Риниа со 3:2 славеше над Беса Влазрими на домашен терен откако Арифи беше двоен стрелец, а еден гол даде Исмаили. За гостинот Демири и Бајрами беа стрелци.

Лидерот Куманово со 5:2 го декласираше поранешниот второлигаш Кадино на домашниот терен во Доброшане. Јовановски беше двоен стрелец, а по еден гол за Куманово постигнаа Благоевски, Исени и Антевски. За гостинот двоен стрелец беше Стојановски.

Зендели и Курти обезбедија победа од 0:2 за Башкими Љуботен над Бутел на гостински терен.

БВК Коњаре со 6:3 славеше над ланскиот второлигаш Пехчево Скопје, откако Исљам беше стрелец на три гола, два гола даде Кадрију, а еден гол постигна Салихаси. За гостинот по еден гол постигнаа Јакуповски, Голубов и Васиќ.

Шкендија Арачиново преку Алити, Шаип и Алиј дојде до победа од 3:1 над Аеродром, а за гостинот погоди Наумовски.

Еуромилк ГЛ доби службени три бода од мечот со Петровец кој се откажа од натпреварување (3:0).

Куманово е лидер на табелата со 67 бодови, Шкендија Арачиново е втора со 66 бодови, Еуромилк ГЛ е трет со 56 бодови, а пак Фортуна е четврта со 46 бодови.

БВК Коњаре е петти со 39 бодови (има три одземени бодови), Беса Влазрими е шеста со 33 бодови, Риниа е седма со 31 бод, Башкими Љуботен е осми со 30 бодови, колку што има и Пехчево Скопје кој е деветти.

На 10 место е Аеродром со 29 бодови, Кадино е место подолу со ист број на бодови, Бутел е на 12. место со 24 бодови, Петровец е на претпоследното место со 12 бодови, но оваа екипа пред неколку кола се откажа од натпреварување, а на дното е ССК Нова со само еден освоен бод.

Александар Ванев, М-Нет