
Врнежите од дожд ја зголемија вегетацијата, а со тоа е зголемена и појавата на крлежи. Сопствениците на домашни миленици да преземат соодветни мерки за заштита на своите миленичиња, советуваат ветеринарите. Велат дека крлежот е доста опасен и честопати не соодветно третирање на истиот може да доведе до смрт кај кучињата и мачките. Затоа неопходне е ставање на ампули.
„Доколку сопствениците забележат крлеж на телото на животното не треба сами да го острануваат туку да го донесат во ветеринарната станица. Во многу ситуации се јавува нестручно вадење на крлеж, односно оставање на самата глава на крлежот во телото на животните. Како резултат на тоа се формира обвивка и навлегува во кожата, а преку кожата во внатрешноста на животното и може да предизвика сериозни последици кои понекогаш завршуваат со смрт. Сопствениците треба да знаат дека некои ампули се со заштита до три месеци“ – вели Беслиски.
Како за животните , крлежите се опасни и за луѓето. Престојот во природа, на места каде има трева треба да биде соодветен со цел да се заштитат луѓето од крлежите. Рацете и нозете да бидат соодветно заштитени бидејќи крлежите може да се закачат сосем случајно, а да предизвикаат поголеми последици.
„Кај луѓето морам да кажам, овој период одеме на планина, треба да бидеме соодветно заштитени во делот на рацете и нозете, облечени соодветно. Со одењето на повисоки места каде што има многу трева крлежите може многу лесно да бидат закачени на телото на човекот. Осто како кај животните и луѓето ако забележат крлежи закачени за кожата би ги советувал да посетат лекар.“ – додава Беслиски.
Заштита е потребна кога се во прашање и болвите, па затоа се советува сопствениците на домашни миленичиња да водат соодветна грижа за миленичињата но и за самите себе.
Лаура Стојанова М-Нет