Сообраќајна несреќа во близина на штипско село Караорман

Сообраќајна незгода се случила некаде пред 14 часот на почетокот на село Караорман. Екипата на М-Нет телевизија на терен увиде дека станува збор за едно моторно патничко возило „пасат“ кое излетало од патот. Лицето веднаш е пренесено во Клиничка Болница Штип, а увид на лице место на настанот извршува увидна екипа од СВР Штип. До крајот на денот се очекуваат повеќе инфорамции.

Лаура Стојанова, М-Нет