
Денес се одиграа натпреварите од 15. коло од Трета лига – Југозапад, а дербито на колото го одиграа Демир Хисар и Кораб кое заврши со по еден гол (1:1).
Во првиот дел мрежите мируваа, а тоа понуди неизвесност и возбуда во вториот дел. Александар Ангелевски во 60. минута постигна гол за 1:0, со што Кораб мораше да притиска за да дојде барем до бод.
Лидерот од Дебар во 86. минута преку Арлинд Берзати во 86. минута израмни на конечните 1:1.
Реми и во Ресен каде Преспа и Сатеска ги поделија бодовите играјќи 2:2. Агушевски и Груевски беа стрелци за домашниот тим, а за гостинскиот тим погодија Короскоски и Секулоски.
Лирија со погодоците на Рустеми и Реџепи забележа победа над Кравари на домашен терен.
Во однос на петорката на табелата Кораб е лидер со 34 бодови, Кравари е втор со 24 бодови, Демир Хисар е трет со 23 бодови, колку што има и Лирија која е место подолу. На 5. место е екипата на Преспа од РЕсен со 17 бодови.
Александар Ванев, М-Нет