
Новиот шампион во Првата футсал лига, екипата на Форца, вечерва ја освои и Куп-титулата откако во Спортската сала „Гемиџии“ во Велес славеше над Клими од Кавадарци со 2:6.
Форца стигна до својата цел односно двојна титула и сега фокусот е на претквалификациите за Лигата на шампионите.
Искусниот Зоран Левески во 12. минута погоди за 0:1, а по две минути Мартин Никовиќ постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Харис Омеровиќ постигна гол за 1:2 и ново водство на Форца, а потоа продолжи тресењето на мрежата на тимот од Кавадарци.
Иван Крстевски погоди за 1:3, Левески со втор гол зголеми на 1:4, веднаш потоа Берат Рамадани стрелаше за 1:5, а пак Крстевски во 38. минута постигна гол за 1:6.
Во самиот финиш од мечот Димче Андов постигна гол за конечни 2:6.
Со оваа е завршена сезоната во Првата футсал лига и Купот на Македонија. Сега останува да се комплетира формата во Втората лига, а со тоа и да видиме кои ќе бидат двете екипи кои ќе настапуваат во елитата од следната сезона.


Александар Ванев, М-Нет