Лидерот Влазерими со „петарда“ за Дрита, Напредок го декласираше Камјани

Дрита на домашен терен во меч од 17. коло од Трета лига – Запад доживеа голем пораз од лидерот Влазерим со 0:5. Мурат Адили беше стрелец на три гола, а по еден гол поститнаа Дани и Елези.

Љуботен на гостински терен кај Зајази славеше со 2:3. Стојанов беше стрелец на два гола со 0:2, а пак Петровски погоди во 81. минута за гостинскиот тим. За домаќинот Исмаили и Хашими беа стрелци.

Некогашниот прволигаш Напредок од Кичево го одигра можеби и еден од најдобрите натпревари оваа сезона, откако со убедливи и превисоки со 7:3 славеше над Камјани.

Жарко Симјаноски постигна хет-трик, а по еденл гол постигнаа Настески, Аврамовиќ, Трајаноски и Котевски. За гостинскиот тим погодија Аслани, Садики и Реџепи.

Натпреварот меѓу Џепчишти и Речица не се одигра поради обилните врнежи од дожд, па овој меч ќе треба да се одигра во нов вонреден термин.

Александар Ванев, М-Нет