Бесплатен влез на Градски во Штип за максимална поддршка на Брегалница во дуелот со Работнички!

ФОТО: Телевизија М Нет

Брегалница и Работнички во сабота го отвараат 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, додека останатите пет натпревари со кои ќе се комплетира оваа рунда ќе се одиграат во недела.

Ова е меч од капитална важност за штипски сини во борбата за опстанок во Првата лига. Триумф за Брегалница во дуелот со „романтичарите“ може да значи и излез од опасната зона и сериозна борба за директен и сигурен опстанок во фудбалската елита на Македонија.

Тоа што го најави телевизија М Нет останува, влезот на Градскиот стадион во Штип ќе биде бесплатен, а штипската фудбалска гордост ја повикува спортската јавност, верната навивачка група „Фаланга“ и сите љубилите на добриот фудбал, во сабота во што е можно поголем број да се исполни стадионот и да се даде максимална поддршка на клубот кој води тешка борба за опстанок.

По доаѓањето на Трајче Сенев на тренерската клупа, Брегалница има победа над Шкупи и реми со шампион Струга, иако и таму можеше до три бода, со што сега „сините“ влегуваат во сериозна борба за опстанок.

Брегалница е жива и Брегалница сега бара поддршка од јавноста во сите натпревар кои за нив ќе бидат како финале. Секој бод ќе значи многу, секој бод е важен.

Натпреварот меѓу Брегалница и Работнички ќе се одигра во сабота со почеток од 16 часот на Градскиот стадион во Штип.

Александар Ванев, М-Нет