КУП кадети: Вардар ја исфрли Брегалница преку пенали во полуфиналето

Вардар преку пенали стигна до големото финале од Купот на Македонија за кадети, откако во полуфиналето на Градскиот стадион во Штип беше подобар од Брегалница.

На натпреварот кој имавте ексклузивна можност да го следите на телевизија М Нет, регуларниот дел заврши со по еден гол 1:1. Во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни, а најзрелата шанса ја имаше Драган Јанкоски кој ја погоди пречката од голот на Арсовски, но сепак во првиот дел немаше погодоци.

Во вториот дел на радост на гледачите на Градски во Штип, како и оние кои го следеа натпреварот во живо преку директен пренос на М Нет беа постигна два погодоци.

Даријан Тасев во 61. минута погоди за водство на Брегалница од 1:0. Вардар правеше притисок за да дојде до водство, а најзрела шанса имаше капитенот Филип Смиљков кој од слободен удар биеше директно во голот на Брегалница, но Арсовски со одлична интервенција ја сочува мрежата чиста.

Во 84. минута Давор Лефковски ја стресе мрежата за конечни 1:1, по што се премина кон изведување на пенал серијата.

Голманот на Вардар, Максим Краљевски во пенал серијата ги одбрани ударите на Дарко Митев и Димитар Герасимов, а од Брегалница само Марио Симоски успеа да реализира. Кај Вардар погодија Смиљков, Радески, Лефкоски и Јанкоски.

Вардар сега ќе го чека победникот од дуелот меѓу Шкупи и Шкендија, меч кој ќе се одигра во Бутел на 23. април.

Александар Ванев, М-Нет