Нова тартан подлога поставена на повеќенаменското игралиште во село Таринци

Нова тартан подолога се постваи на повеќенаменско игралиште во село Таринци. На површина од 1050 метри квадратни спортистите и рекреативци ќе имаат можност да спортуваат и да го понинуваат своето слободно време. Денеска од лице место, градоначалникот Виктор Паунов истакна дека Општина Карбинци продолжува да работи на изградба на нова и модерна инфраструктура.

„Продолжува изграбата на спортската инфрструктура на Општина Карбиници. Денеска официјално се започна тартан подлога на повеќенаменското игралиште овде во Таринци. Се работи за површина од 1050 метри квадратни, модерна тартан подлога која би била во корист на сите оние кои рекреираат овде и одржуваат спортски активности. Онаа што е важно во континуитет е дека Општина Карбинци со ваквите работи, оваа е веќе втора година што можеме да препознаеме промени кога е во прашање овој дел од спортска инфраструктура. Веќе трето по ред игралиште кое што се гради комплетно според модерните стандарди кои се препознатливи во повеќе општини.“ – изјави Паунов

Од Општина Карбинци посочуваат дека две години по ред работат на спротот, вложуваат во младите. Затоа има видливи промени, а ова е трето игралиште кое се гради комплетно според модерните стандарди препознатливи за повеќето општини.

„Овој проект е во рамките на три игралишта, односно две детски и ова спортско игралиште кои што се на територија на Општина Карбинци, имено во изминатиот период работевме на изградба на ново детско игралиште во село д.Балван, истото деновиве ќе добие нови реквизити.

Ќе остане третото детско игралиште во село Козјак кое ќе биде реконструирано со една помала површина која што веќе е постоечко, ќе добие обновување на веќе постоечки реквизити. Да сумирам една жешка пролет кога се во порашање градежните активности во општина Карбинци, не само во патната инфраструктура туку и во спортскиот дел, ќе продолжиме тековно во рамките на програма и план за работа, да ги завршиме проектите како што ги испланиравме пред почетокот на ова календарска година.“- додава Паунов

Паунов на денешната посета посочи дека во изминатот период се работело и на изградба на ново детско игралиште во село Долни Балван, а во иднина ќе започне реконструкција на една мала спортска површина во село Козјак. Истата е веќе постоечка, но својот изглед ќе го разубави со обновување на веќе посоечките реквизити.

Лаура Стојанова М-Нет