Земјоделецот Марјан Мишев од Караорман доби трактор со помош на државата, Николовски на посета со земјоделците

Нов трактор со помош од државата доби земјоделецот Марјан Мишев од штипската приградска населба Стар Караорман. Од Националната програма доби 1.200.000 денари за да си купи трактор за обработка на неговата земја. Мишев е успешна приказна, а денеска средба со него оствари министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Николовски истакна дека во изминатите години се даваше шанса на секој апликант.

„Нема селекција, лошата слика во земјоделството преку уцени, притисоци и селективноста во минатото ја испративме и оставивме таму. Земјоделецот денеска има вреба во институциите. Знае дека секој има фер шанса доколку ги исполнува условите за секоја мерка која ја ставаме на располагање. Затоа сме земја лидер во регионот во реализација во реализација на ИПАРД 2 програмата која започна во 2017 година и веќе е завршена“ – вели Николовски.

Во рамките на неа се реализирани 2.100 договори, а веќе се исплатени 63.100.000 евра кон апликантите.

-Нема нити едно населено место во државата, каде што нема да ја сретнете таблата на ИПАРД. ИПАРД Програмата е важна поддршка на ЕУ за земјоделците и значи развој и модернизација на земјоделството и кога збориме за модернизација нема напредок без инвестиции, вели Николовски.

Забележа дека преку оваа Програма се прошируваат преработувачките капацитети, се отвараат нови работни места и директно се помага македонската економија. Николовски исттакна дека со ИПАРД 3 Програма во првиот јавен повик на земјоделците им стојат на располагање 30 милиони евра, а до нив се веќе доставени апликации кои се вредни над 90 милиони евра и тоа какошто рече Николовски се квалитетни, вистински апликации од земјоделците.Николовски при денешната посета на земјоделците во штипскиот регион истакна во наредните четири години преку ИПАРД 3 Програмата на располагање ќе имаат над 200 милиони евра.

Лаура Стојанова М-Нет