Официјално пуштена во употреба првата катна гаража во Штип со 55 паркинг места

Пуштена во употреба првата катна гаража во Штип. На локација позади Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип и инвестиција нешто повеќе од 10 милиони денари, штипјани дбиваат можност да користат дополнители 55 паркинг места. Со ова се решава еден од најголемите проблеми во градот, истакна денеска градоначалникот, Иван Јорданов.

„Рационално го уредивме овој простор, за паркирање на две нивоа. Станува збор за едно сообраќајно решение, со кое се дуплираа паркинг позициите и на оваа површина имаме корисни 55 паркинг места, кои веќе се во функција. Повеќе од десет милиони денари се инвестирани од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните, вели Јорданов.

Тој најави дека во текот на годината ќе се работи и на три локации, кои ќе бидат уредени, како катни гаражи во централното градско подрачје.

„Ќе се уредува паркинг простор на две нивоа, едната е веќе започната, веднаш до Стоковна куќа „НАМА“ и првата станбена зграда. Планираме во текот на оваа година да се започне и кај зградата „Промаја“, а којашто ќе биде паркирање на три нивоа“ – додаде Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов посочи дека во втората половина од 2024 година, согласно проекциите и динамиката на реализирање на истите, предвидено е да започне со уредување улицата „Ванчо Прке“ и да премине во пешачка зона.

Лаура Стојанова М-Нет