
Вар во македонскиот фудбал нема, а според најавите вар-технологијата би требало да се имплементира за следната сезона, но затоа во Општинската фудбалска лига во Куманово или Четврта лига по ранг на натпреварување се имплементираше друга технологија.
Главниот судија на мечот меѓу лидерот Јуниор од Доброшане и Ран Производ натпреварот го судеше со GoPro камера на себе, па погледнете како изгледа натпреварот од негов аспект.
Ова беше натпреварот меѓу лидерот Јуниор во групата А од ОФЛ Куманово и екипата на Ран Производ. Во плеј-офот екипата на Јуниор ќе се бори за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север.
Александар Ванев, М-Нет