
По 19 одиграни кола во Првата кошаркарска женска лига екипата на Баскет Кам е на врвот од табелата со 35 бодови на своето конто со скор од 16 победи и три порази, откако во претходно коло Баскет Кам беше поразен од Куманово Гризли. На второто место е екипата на Вардар со 33 бодови, а пак на делба на третото место се екипите на Куманово Гризли и МЗТ Скопје со по 31 освоен бод.
на 5. место е Крива Паланка со 28 бодови на своето конто, на шестото место е Бадел со 26 бодови.
Во бараж зоната за опстанок односно на седмото место е Пробаскет со 25 бодови, а на дното е Струга со 19 бодови.
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 20-тото коло. МЗТ Скопје на домашен терне ќе игра со Крива Паланка, Струга ќе биде домаќин на Бадел, Вардар ќе игра дерби со Куманово Гризли, а пак лидерот Баскет Кам игра со Пробаскет на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет