Втора „Фолк вечер на популарноста“ на 25 април во Кочани

„Фолк вечер на популарноста“ втора година по ред ќе се организира во Кочани. Познати македонски музички имиња и годинава ќе бидат дел од настанот. Македонските естрадни фолк уметници на манифестацијата „Фолк вечер на популарноста“, ќе ја прослават музиката и ќе добијат признанија за своите достигнувања, успеси и заслуги за македонската музика– тоа што досега недостасуваше.

„Благица Калева, Благица Павловска, Адријана Ацевска, Зуица Лазова, Џамбо Агушеви ќе бидат овде, Миле Атанасов, Мијалче Стојанов, Кико Божиновски, браќа Нуне, Ѓоко Јовиќ и очекуваме одговор уште од неколку наши македонски изведувачи кои ќе бидат наградени односно ќе добијат признание за она шти го имаат сработено.“ – вели Митев.

Заинтересираноста е многу поголема споредбено со лани, велат организаторите. Настанот е несекојдневен, на едно место се собираат голем број естрадни музички македонски имиња, со што се гарантира вистинска забава.

„Најпрво добра забава, дружба со познатите пеачи. Заинтересираноста од лани е многу поголема, несекојдневно е да може да се дружеш со едни од најпознатите пеачи. Станува збор за 13,14 изведувачи и несекојдневна гледка е за да можеш да ги видиш на едно место. Тоа е замислата, поентата и ете успеваме колку можеме, како можеме да го изреализираме дури и подобро од минатата година.“ – вели Митев.

„Фолк вечер на популрноста“ ќе се одржи на 25 Април во Кочани, а тенденција е настанот да прерасне во традиција.

Лаура Стојанова М-Нет