
Расад домати, краставици и пипер речиси на секоја тезга имаше на пазарот во село Облешево. Овој период од годината кога треба да се бара и продава, стои бадијала велат пазарџиите. Дел од Облешево и околните села, но имаше и од Струмица и останати градови, велат дека е далеку од исплатливо да се продава оти денеска никој не купува.
„Времето е ладно и пазарот е слаб, народ нема, а инаку цените се исти. Промена нема нитшо, копирот е 40 денари килограм, исто толку и младата зелка. Има и расад и луѓето знаат од кого треба да купат квалитетен расад.“ – велат продавачите.
Дека пазарот е слаб согласни се и малкумината купувачи. Ама како што додаваат за нив е скапо со оглед на фактот дека примањата им се ниски. Затоа децидни се дека повеќе гледаат отколку што купуваат.
„Пазарот, еве прошетаме да видиме што има, да земеме колку има толку по нешто. Се е скапија, пензии слаби,.“ – додаваат купувачите.
Освен расад, на пазарот се нудеше и сезонско овошје и зелена салата, кои беа по цени идентични како и претходниот вторник.
Лаура Стојанова М-Нет