88 ден од годината – Светски ден на пијаното – ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип организира пет концерти

Во четврток ќе се одбележи Свестскиот ден напијаното и во Штип. По тој повод ДМУЦ „Сергеј Михајлов“- Штип организира Ден на пијаното, кој ќе се одбележи со пет концерти кои ќе се реалзиираат во четврток и петок. Ќе настапат 102 учесника, од кои 18 од останатите градови кои ќе бидат гости на настанот. Подготовките се при крај вели, Благој Јанев, додавајќи дека годинава е зголемен бројот на учесници и гости.

„По повод Светскиот ден на пијаното, 88 ден од годината, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип за таа цел организира Ден на пијаното, со пет кконцерти од кои два ќе бидат во четврток на 28 март овде во училиштето, а другите три концерти ќе бидат во петок на Економски факултет. На овој настан ќе учествуваат 102 учесника кои ќе свират на инструментот пијано, имаме гости од околните градови од Велес, Пробиштип, Кочани, Струмица, Радовиш и Куманово.“ – вели Јанев.

Картите за влез се слободни и во музичкото училиште и во салата на Економски факултет. Јанев упати покана до сите љубители на музиката, пред се на пијаното да бидат дел од концертите и да уживаат.

„Да упатам една јавна покана до сите заинтересирани љубители на музиката и пијаното, да присуствуваат овие два дена на овие концерти. Влезот е слободен. Во склоп на оваа манифестација минатата недела се одржа семинар по пијано“ – додава Јанев.

Денот на пијаното симболично се одржува на 88-от ден од годината, бидејќи пијаното има 88 дирки.

Лаура Стојанова М-Нет