Вардарски пресилен за Дојранско Езеро, Слога со „петарда“ за Ударник, Овче Поле го доби Малеш

Овој викенд се играа натпреварите од 12. коло од Трета лига – Исток, каде фаворитите според очекуваното забележаа победи.

Лидерот Вардарски преку пресврт со 4:1 убедливо го доби Дојранско Езеро на домашен терен со што прави чекор напред кога е во прашање баражот за Втора лига. Гостинот од Дојран со голот на Петар Илиев во 7. минута дојде до 0:1, а Адам Стојанов во 35. минута погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Стојанов со втор гол сврте на 2:1 во полза на домашниот тим, а мечот беше решен во финишот кога Димитар Јанев погоди за 3:1, а во судиското надополнување Стефан Терзиев стрелаше за убедливи 4:1.

Слога Виница со „петарда“ во Пирава забележа висока победа од 1:5 над домаќинот Ударник. Игор Ѓорѓиев беше двоен стрелец за гостинот од Виница, а по еден гол постигнаа Амедов, Ристовски и Манџуковски, додека пак Асан Рифадов во 84. минута си постигна автогол со што конечните исход беше 1:5.

Овче Поле се намачи против беровски Малеш, но трите бодови останаа во Свети Николе, откако домашниот тим со 3:2 беше подобар.

Бојчовски и Илиев стрелаа за 0:2 по дваесет минути игра, а до крајот на првиот дел Трендафилов и Јованчев погодија за 2:2 на полувреме. Победникот беше решен во 81. минута кога Дарко Нацев погоди за конечни 3:2.

Рудар на домашен терен во финишот остана без посакуваниот бод, откако загуби од Тиверија со 0:2. Јани Јанков во 81. минута погоди за 0:1, а во 88. минута Трајче Димитриев погоди за 0:2.

Во следното коло во Виница се игра дербито на колото меѓу Слога и Вардарски, дерби кое многу веројатно и ќе го одлучи шампионот и патникот во баражот за Втора лига, Дојранско Езеро дома игра против Овче Поле, дерби меѓу Малеш и Рудар за опстанок во Берово, а пак Тиверија игра со Карбинци. Во ова коло слободна е екипата на Ударник.

Александар Ванев, М-Нет