
Денес, со три натпревари, беше отворено седумнаесеттото коло од Третата македонска фудбалска лига- Север.
Ланскиот второлигаш Локомотива Пехчево, на домашен терен со минимални 1:0, го доби дуелот со Беса Влазрими. Тежок натпревар за домашниот тим против цврстата екипа на Беса, бидејќи домашниот тим играше без тројца стандардни фудбалери поради повреди.
Натпреварот беше решен во 83. минута со голот на Дамјан Ангелковски, за трета последователна победа на Локомотива Пехчево. Тежок меч со остра игра, во 30. минута од игра принудно, поради повреда излезе Исмет Хајдари, а гостинскиот тим доби два црвени картони откако Ридван Исмаиљи и Орхан Демири беа исклучени од игра.
Голема и важна победа за младата екипа на Локомотива Пехчево, која влегува во победнички ритам.
БВК Коњаре на домашен терен со минимални 1:0 го доби дуелот со Фортуна, откако дербито го реши Фуркан Ќани во 12. минута од мечот. Голем триумф за домашниот тим со што трите бода останаа дома.
Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ со убедливи 6:0 го доби дуелот со Бутел, во меч каде домашниот тим беше апсолутен фаворит за трите бодови. Леонид Филиповски постигна хет-три, а по еден гол постигнаа Стојан Стојчевски, Зоран Тасески и Томче Павловски.
Колото ќе се комплетира утре, а дербито се игра на теренот на Фортуна каде ќе се соочат Шкендија Арачиново во мега-дерби пресметка со лидерот Куманово.
Аеродром на домашен терен ќе игра со Риниа, дерби од дното на Петровец и „фенерџијата“ ССК Нова, а пак Башкими Љуботен ќе игра со Кадино.