Хуманитарен кошаркарски натпревар во Кочани, средствата наменети за здружението за глуви и слепи лица

Хуманитарен кошаркарски натпревар меѓу двете средни училиште се одигра вчеравечер во спортската сала „Сашо Лазарев-Чапо“ во Кочани. Средствата кои ќе бидат собрани од натпреварот ќе бидат наменети за реконструкција на Здружението на глуви и слепи лица Кочани.

„Конкретно средствата кои ќе бидат собрани од хуманитарниот настан ќе бидат наменети за реконструкција на здружението на глуви и слепи лица од Кочани. Со тие пари ќе се помогне однонсо ќе се купат работи потребни за интеракција и задоволување на нивните потреби.“ – вели Спасова.

Програмата се имплеметира цели 25 години и целта е да се помогне на лица, институции и здруженија кои имаат потреба од помош.

„Програмата се имплементира повеќе од 25 години и целта е да промовира активен пристап кон животот, односно да помага на лица на кои им е потреба помош.“ – вели Спасова.

Во меѓувреме работат уште четири групи во Кочани и соседна општина Зрнивци со цел да се помогне на оние кои имаат потреба од тоа.

Хуманитарниот натпревар е дел од програмата „Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности“. Во кочанската организација се вклучени повеќе од 30 младинци кои придонесуваат за реалзиација на оваа програма.

Лаура Стојанова М-Нет