Кромид, лук и марула во изобилство на пазарот во Штип, цените реални ама за купувачите е беспарица

Младиот кромид и лук во центарот на вниманието на денешниот пазар во Штип. Ги имаше на секоја тезга, идентично како и марулата и спанаќот, а беа и најмногу барани. Продавачите велат дека цените на овие производи се понсики споредбено со претходниот петок оти има повеќе производство.

„Од сабајле има раздвиженост, значи ќе биде добар. Најмногу се бараат зелените работи, кромид, лук, марула, зелка, морков. Пониски се цените од претходниот петок“ – велат продавачите.

За разлика од зелената салата, цената на доматот беше повисока, оти како што велат продавачите се зависи од тоа како зрее истиот.

„Малку цените се повисоки за разлика од претходниот петок, на пример доматот е 90 денари за килограм, а претходниот пазар беше 80 денари. На зеленото варират цените. “ – додаваат продавачите.

За купувачите и денеска најголем проблем беспарицата. Бадијала и производи и цени кога тие како што велат немаат пари.

Освен зелената салата која беше најбарана, се продаваше и сезонското овошје.

Лаура Стојанова М-Нет