
Синоќа во „Јордан Мијалков“ во Штип беше отворено 15. коло од Првата Б кошаркарска лига на Македонија со убедливата победа на Тим Арена од 78:34 над Јан Бор.
Доминантна игра на штипските кошаркарки во текот на целиот натпревар за продолжување на победничката серија. Тим Арена останува на врвот од табелата со 26 бодови на своето конто со скор од 12 победи и два порази, а пак Јан Бор е на шестото место со 17 бодови.
Во рамки на оваа коло во Делчево ќе се соочат Патриот и Спорт Тим од Неготино, Пониква во Кочани ќе ја пречека Риниа Баскет, а пак Охрид ќе игра со Шкупи. Во оваа рунда Гостивар е слободен.
Александар Ванев, М-Нет