
Младинците на Брера Струмица вчера во четвртфиналето со 4:2 запишаа голема победа над Брегалница и обезбедија полуфинале во Купот на Македонија за младинци.
Домашниот тим прв дојде до водство во 21. минута со голот на Давид Спасов, а по една минута штипјани преку Марио Аџијев израмнија на 1:1, а со овој резултат се замина и на полувреме.

На стартот од вториот дел Јован Постолов постигна гол за ново водство на Брера од 2:1, а потоа Марио Костов во 66. минута постигна гол за 3:1. Брегалница во 70. минута со голот на Душан Пачемски намали на 3:2 и се врати во игра.
Сепак по пет минути игра Доне Ристовски покажа на белата точка за Брера, а сигурен реализатор беше Живко Крстев за конечните 4:2 со што младинците на Брера се пласираа во полуфиналето во Купот на Македонија.
Денес се играат и останатите три натпревар од четвртфиналето. Шкендија ќе игра против Беласица во Тетово, Шкупи против Македонија ЃП, а пак Пелистер со Работнички.
Александар Ванев, М-Нет