Езерското дерби без победник: „Нула“ на Караорман и Охрид

ФОТО: АРХИВА | Телевизија М Нет

Денес со Езерското дерби во Струга се комплетираше 17. коло од Втората македонска фудбалска лига. Овој натпревар наместо вчера се одигра денес бидејќи на стадионот во Струга се играше натпреварот од 20. коло од Првата лига меѓу Струга Трим Лум и Шкупи.

Езерското дерби меѓу Караорман и Охрид заврши без победник и погодоци со поделба на бодовите.

За стружани овој бод е значаен во борбата за опстанок во Втората лига, со што сега Караорман има 15 бодови на своето конто и останува на делба на 14. место заедно со Осогово, додека пак Охрид се искачи на 5. место на табелата со 24 бодови на своето конто.

Во следното коло Караорман ќе гостува во Неготино кај Вардар, а овој меч ќе биде и одмазда за поразот на Вардар во баражот за влез во Втората лига пред две години, кога Караорман преку Вардар Неготино влезе во Втората лига, а Вардар мораше уште една година да играше во Трета лига – Југ за да обезбеди влез во Втората лига.

Охрид во следното коло на домашен терен ќе игра против Победа во меч каде охриѓани ќе бидат апсолутни фаворити за трите бодови.

Александар Ванев, М-Нет