Арсими со играч помалку ја „тресна“ Саса, Вардар ја освои Гевгелија, Осогово го „прегази“ Тетекс

Гледачите на телевизија М Нет имаа можност да уживаа во директниот пренос од Македонска Каменица каде екипите на Каменица Саса и Арсими ги одмери силите. Овој натпревар за „рударите“ кој живот значеше го загубија со 2:3.

Гостинот од Чегране со играч помалку на теренот во финишот на мечот дојде до 2:3 и голем триумф. Амир Нухија во 13. минута погоди за 0:1, а искусниот голгетер Сашо Дуков во 31. минута постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во финишот на првиот дел Ардит Демири го заработи вториот жолт картон поради недозволен старт и беше исклучен од игра, со што екипата предводен во Вилдан Салиу во вториот дел играше со играч помалку на теренот.

Во вториот дел Аљбин Рамадани постигна гол за 1:2 и ново водство за Арсими во 68. минута, а шест минути подоцна Андреј Симевски постигна гол за 2:2 и ново израмнување.

„Рударите“ во финишот се обидуваа да стигнат до трите бодови, но Емран Рамадани во 87. минута ја стресе мрежата на Душан Герасимовски за конечни 2:3, со што Саса го претрпе 11-тиот сезонски пораз и останува закована на дното од табелата и речиси на сигурен пат кон испаѓање во Трета лига – Исток.

Вардар Неготино среде Гевгелија забележа минимален триумф од 0:1 над Кожуф и со тоа стигна до третата победа во низа со што екипата предводена од Горан Тодорче се проби до 5. место на табелата.

Стрелец на единствениот гол беше Аделин Ќазимов кој беше постигна во 49. минута од средбата.

Осогово со 4:0 го збриша Тетекс на домашен терен и забележа многу голема победа во борбата за опстанок во Втората лига. Новото засилување Стојче Стојов во финишот на мечот постигна два гол за водство од 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Влатко Стојановски во 51. минута погоди за убедливи 3:0, а во финишот на мечот Никола Стоиловски од белата точка ги постави конечните 4:0.

Александар Ванев, М-Нет