
Херојска победа на Детонит Плачковица во судиското надополнување откако џокерот од клупа на Иван Варадиновски, Аљбан Мемеди во 93. минута постигна гол за голем триумф над ланскиот прволигаш Скопје.
Натпреварот имаше хуманитарен карактер сите собрани средства беа донирани за лекувањето на радовишанката Сандра, победата беше посетена токму на нејзе, а фудбалерите на двете екипи и судиите излегоа на терен со маици со натпис „Од срце за Сандра“.
Овој натпревар гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност да го следат во живо од Градскиот стадион во Радовиш.
Детонит Плачковица останува перфектен на домашен терен откако екипата ја забележа деветтата победа на домашен терен од исто толку одиграни натпревари, дополнително радовишани имаат гол разлика од 21 постигна гол, а ниту еден примен.
Притисокот кај Детонит Плачковица беше голем за овие три бодови со кои Детонит Плачковица ја одржува дистанцата од еден бод во однос на Пелистер кој е втор, а кој денес славеше во локалното дерби од 1:3 во дуелот со Новаци.
Во следното коло Детонит Плачковица ќе гостува кај екипата на Арсими во дерби кое е од капитална важност за радовишани, бидејќи со триумф ќе го заверат третото место кое води во баражот за Прва лига, но и ќе ја продолжат борбата за второто место кое директно води во Прва лига.
На официјалната фејсбук страница на телевизија М Нет, можете да ги погледнете изјавите на тренерите Иван Варадиновски и Љупчо Марковски – Калц кои ги дадоа за телевизија М Нет по завршувањето на натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Радовиш.
Александар Ванев, М-Нет