Ќе има ли во иднина кој да се грижи за децата во детските градинки, бројот на студенти се помал

Ќе има ли кој да се грижи за децата во детските градинки за неколку години? По недостигот на вработен кадар сега, се поставува прашањето има ли студенти на ФОН кои би работеле во идннина. Загрижува и овој податок, бидејќи како што вели професор Кирил Барбареев бројот на студенти од година во година е се помал и помал. Лошите политики изминатите години веројатно влијаат за денеска да нема ниту кадар, ниту интерес кај младите за оваа професија, дециден е тој.

„Тој интерес е се помал и помал, се помалку луѓе ја избираат таа професија. Веројатно професијата наставник, и воспитувачот е училтел, и јас мислам дека ние не сме свесни која е таа дејност од 0 до 6 години. И веројатно долги години лошите политики влијаат на ова“ – вели Барбареев.

Дури и да има студенти, или се вонредни или студираат за во иднина да ја напуштат државата и да се грижат и воспитуваат деца во некоја друга држава. Потребно е вели државата, општеството да се вклучат во нудење помош за овие лица, со цел да се не појави уште поголем дефицит на вработени негователи и воспитувачи во детските градинки.

„Треба да се подигне статусот на професијата, треба да се има подолг временски период за избор на тие луѓе кои сакаат да работат со децата, тоа е многу специфична работа, таа професија мора да биде многу добро платена, мора да има поддршка таа професија во делот на ресурсите, во делот на соработниците бидејќи истражувањата во невронауките даваат многу сериозни податоци каква треба да биде работата со децата на три, четир, пет годишна возраст.“ – додава Барбареев.

Во двете штипски градинки моментално недостасуваат над 60 вработени од кои повеќе од половината се негователи.

Лаура Стојанова М-Нет