Се асфалтираат четири улици во Карбинци, од понеделник ќе се реконструираат во Таринци и Караорман

По подолго време асфалтна маса добија четири улици во село Карбинци. Денеска заврши реконструкцијата на улиците со што и жителите од ова населено место нема да газат кал и прашаина. Увид на лице место изврши градоначалникот Викор Паунов, кој истакна дека општината ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата во општината.

„Се работи за четири улици овде во Карбинци, денес за првпат добиваат асфалтна маса. Она што е важно е дека жителите нема да газат кал, и ќе се движат по урбанизирана улица. Општина Карбинци ќе продолжи да инвестира пред се во патната инфраструктура.“ – вели Паунов.

Задоволни од она што се работи на терен се и жителите кои живеат овде, велат дека конечно нема да газат кал и прашина. Ова особено е значајно за децата кои одат на училиште.

„Ова се асфалтира за првпат, еве дојде редот и тоа е многу убавва работа. Благодарност до Локалната самоуправа и градоначалникот за ова. “ – велат жителите.

Освен овие четири улици во Карбинци од понеделник ќе започне реконструкцијата на улици во Таринци и Нов Караорман, дел од проектот за реконструкција на шест улици чија јавна набавка чинеше два милиони денари.

„Овие шест улици кои се во оваа јавна набавка известуваат некаде околу два милиони денари, пари од општината. Од понеделник продолжуваме и во село Таринци и во Караорма.“ – додава Паунов.

Во меѓувреме Паунов истакна дека продолжуваат акотивностите на терен во сите населени места во Општина Карбинци со што жителите добиваат подобри услови за живот.

Лаура Стојанова М-Нет