
Амбициозниот второлигаш од Радовиш, екипата на Детонит Плачковица, за пролетната полусезона се засили со Дамјан Јакимовски на голманската позиција.
21-годишникот потекнува од школата на Вардар, а потоа настапуваше во Еуромилк, Њу Старс, некогашниот второлигаш Локомотива од Градско, Маџари Солидарност и последно Тетекс.
Со Јакимовски екипата на Детонит Плачковица го затвара трансфер пазарот за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига, во која радовишани ќе водат борба да го сочуваат второто место кое директно води во Првата македонска фудбалска лига.
Во Радовиш владее големо расположение, бизнис секторот дава силна поддршка на Детонит Плачковица, а расположението во тимот предводен од Иван Варадиновски е големо, сите максимално фокусирани силно посакуваат историско учество во фудбалската елита на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет