До непрепознатливост изгорел жител во с. Оџалија, маж во М. Каменица си ја запалил куќата и настрадал

Две жртви настрадаа во пожар во Истокот, едно во Карбинци, друго во Македонска Каменица, а во изминатово деноноќие настрадано лице во пожар на отворено имаше и во Ранковце. Пожарникарите во Македонска Каменица повеќе од три часа се бореле со пожар на куќа кој маж намерно го предизвикал, а потоа зафатен од пожарот скокнал во базен и починал. Едно лице настрадало и во штала во карбинско Оџалија. Пожарникарите го пронашле настраданиот внатре во шталата.

„Пожарот настанал во село Косевица, во месноста Река, во Македонска Каменица. Пожарникари од ТППЕ интервенирале со две противпожарни возила. Според првичните информации, по палењето на куќата, жртвата и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во кој и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истагата. Во моментов на самото место се врши увид од страна на надлежни органи и институции. Преку Единствениот повикувачки број 112 добиена е и информација за запалена штала во с. Оџалија во општина Карбинци. Едно настрадано лице било пронајдено внатре во шталата, каде што најверојатно се задушил од чадот, а потоа и изгорел во пожарот до степен на непрепознатливост на идентитет и возраст.“ – информираат од ЦУК.

На терен во карбинско биле излезени пожарникарите на ТППЕ Штип и припадници на МВР од СВР Штип, од коишто веста е потврдена за ЦУК, а истраката е во тек. Двете служби, субјекти во Системот за управување со кризи се излезени на лице место и вршат увид за причините на настанатиот пожар, а според стандардните оперативни процедури, и доктори од Итната медицинска помш и Јавен обвинител, кои ќе бидат вклучени во истрагата до конечниот извештај за оваа трагедија.

Пожарот во Македонска Каменица, пак, се случил утринава, а пожарникарите го гаснеле во периодот од 07:00 до 10:30 часот. Материјалната штета, според неофицијалните информации, е огромна. Инаку, и во Ранковце, пожарникарите од ТППЕ пронашле настрадано повозрасно лице при гаснење на пожар на отворено.

Ребека Спасова М-Нет