Светиниколските пензионери на протест за своите права, ќе протестираат секоја среда

Пензионерите од Свети Николе по подолга пауза повторно се вратија на улица да протестираат за своите права. Секоја среда велат на улица ќе го искажуваат својот револ и незадоволство. И од техниичката Влада бараат линеарно зголемување на пензиите, на сите пензионери подеднакво.

„Еве и денес ние пензионерите од Свети Николе се собравме после една подолга пауза за да го искажеме нашето незадоволство. Не сме против покачувањето на пензиите, но бараме со техничката Влада пензиите да се усогласат. Ако е вредноста околу 10 или 20 милиони денари, да се поделат подеднакво на сите пензионери.“ – вели Станојков.

Дополнително на пензионерите кои ќе се борат за претничко столче и порачаа дека од нив нема да добијат глас, бидејќи нивните барања не се слушаат и тие остануваат неми на барањата на оние кои во иднина ќе се борат за пратеничко столче.

„Сите тие кои ќе ни дадат поддршка ние ќе ги прифатиме, сите тие кои нема да не поддржат сакаме да и кажеме дека нема да и дадеме глас. Ако не сакаат да ни помогнат ние остануваме анеми и остануваме со празно кон сите“ – додава Станојков.

Инаку, пензионерите се поделија на последната средба во Кавадарци, кога здруженијата од Кочани, Македонска Каменица, Неготино, Кавадарци и дел од Тетово одлучија на изборите да се борат за пратеничко место. Останаите истакнаа дека за своите права и во иднина ќе се борат на улица.

Лаура Стојанова М-Нет