40 деца Роми од социјален ризик бесплатно ќе бидат згрижени во двете детски градинки во Штип

40 деца од Ромски семејства, од социјален карактер ќе бидат бесплатно згрижени во двете детски градинки во Штип. 25 деца ќе бидат згрижени во детската градинка „Астибо“ и 15 дечиња во детската градинка „Вера Циривири Трена“.

„Се работи во соработка со Министерството и општините Тетово, Дебар и Штип за реализација на проектот „Ромски образовен фонд“ и од 12 јануари официјално се работи со сите три општини. Децата од 4,7 и 5,7 години ќе се вклучат во предшколско згрижување во детските градинки.“ – вели Хусеини.

Целта на проектот е децата Роми пред училиште да ги срушат јазични бариери, успешно да се вклучат во образовниот процес и да бидат понатаму конкурентни на пазарот на трудот. Тенденција е да се вработат и негователки Роми во двете детски градинки во Штип.

„Фундамен на една нација е образованието, бидејќи нашите деца Роми се соочуваат со јазични бариери, оти кога почнуваат предшколско тие дома веќе зборуваат некој друг јазик, но и овозможуваме со овој процес децата да ја скршат бариерата и да се чувствуваат како сите други деца. Ова е за да може да ги подготвиме за во основно образование и да бидат понатаму поконкурентни на пазарот на трудот.“ – додава Хусеини.

Директорите на двете детски градинки во Штип велат дека се е подготвено за почеток на реализација на овој проект, додавајќи дека и до сега има деца Роми кои се дел од предучилишниот процес во Штип.

Проектот е финансиран од Ромскиот образовен фонд. Тенденција е во наредниот период проектот да се прошири и во останатите општини во државата.

Лаура Стојанова М-Нет