Како се пренесува салмонелата и колку е опасна, како се заразија децата во Берово?

Најчесто преку храна, недоволно термички обработено месо, млеко и јајца – на ваков начин се пренесува салмонелата која преставува бактериска инфекција. Но, не се исклучува можноста истата да се пренесе и од човек на човек односно од допрени површини или пренсување преку околината. Стапката на смртност од оваа бактерија е многу мала, но најважно е навремено да се дијагностицира и да почне да се лекува, вели доктор Драган Јанев.

„Салмонелата преставува бактериска инфекција која може и главниот начин на пренесување е преку заразена храна, тоа значи не доволно термички обработена месо, јајца, млеко и продукти од слична природа, но самите заболени може да ги пренесуваат овие спори на самата салмонела во околината, на површини, па така салмонелата може да се пренесува и од човек на човек покрај тоа што се пренесува преку храна“ – вели Јанев.

Повраќање, дијареа, голема малаксаност, дехидартација се главните симптоми на салмонелата. Најчесто се лекува со помош на антибиотици, а трае од 10 до 14 дена. Најважно е да се следи степенот на дехидратација и губењето на телесна тежина преку вода, додава докрот Јанев.

„Самата салмонела има еден специфичен симптом тоа е фулминантен почеток на дијареа или повраќање во зависност од тоа каде е всадена. Вообичаено тоа се околу 9-10 водени столици, ама често се меша со ентеро вируси или нормални вируси кои предизвикуваат дијареа. Но, наглиот почеток и постојаните водени исцедоци кои доведуваат до дехидратација, можно е губење на свест, силна малаксаност па се до трајни последици од невролошки тип на мозокот се главните симптоми на салмонелата“ – додава Јанев.

Салмонелата претходниот период се појави односно беше регистрирана кај 11 дечиња од беровскиот регион. Но, анализите направени од кочанскиот Центар за јавно здравје покажаа дека салмонелата не е присутна во пилешкото од детската градинка „23 Август“. Дополнително се испитува од каде и како се заразија децата во Берово.

Лаура Стојанова М-Нет