
Прволигашот Гостивар претстави ново големо засилување за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
Нов играч на Гостивар е Томас Мајснер кој доаѓа од германски Ханза Рошток. 32-годишникот има големо искуство, откако во својата кариера настапуваше за Дуизбург, Ден Хаг и Вилем 2, вториот тим на Борусија Дортмунд и Пушкаш Академија.
Дефинитивно Гостивар во пролетната полусезона ќе биде далеку поквалитетен во однос на есенската полусезона. Претходно Гостивар ги претстави Петар Слишковиќ, Иван Ивановски, Ертен Ерсу, а беше промовиран и турскиот тренер Исмаил Аталан.
Есенската полусезона Гостивар ја заврши на 5. место со 24 бодови на своето конто, а пролетната полусезона ја отвара на домашен терен против Вардар.
Александар Ванев, М-Нет