
33 годишниот Ристе Атанасов е среќникот кој оваа година го фати светиот крст во штипско Ново Село. Деветта година по ред скока во водите на Брегалница, а годинава за првпат успеа да го фати крстот. Здравје и мир очекува да му донесе оваа година, нему и на сите верници.
„Се фрлам девет години по ред по светиот крст и еве денеска моја беше среќата да го фатам.“ – вели Атанасов.
Пораки за здравје и мир упати и градоначалникот Иван Јорданов, со тенденција догодина бројот на верници да биде поголем, а традицијата да се негува и во иднина.
„Бог се јави, за многу години Богојавление – Воодици. Во оваа прилика сакам на сите да и порачам здравје, мир и бериќет“ – вели Јорданов.
Во водите на Брегалница во штипско Ново Село оваа година по светиот крст скокнаа 30 пријавени верници кои претходно ги исполниле сите поставени услови.
„Да се молиме секогаш на нашиот Бог, да не сака, да не милува, да не штити од секакво зло, а ние да се подобриме оваа година, да се трудиме да им помагаме на сите наши блиски, да сакаме и да почитуваме“ – додава Јанев.
Атанасов доби подароци од црквата и од Општина Штип, како и од општествено одговорна компанија.
Лаура Стојанова М-Нет