Вардар го промовираше Марјан Алтипармаковски за ново засилување

Марјан Алтипармаковски е најново засилување за Вардар. Искусниот офанзивец е второ засилување во зимскиот преоден рок по доаѓањето на Дејан Ѓуриќ за што објави телевизија М Нет, а во најтрофејниот клуб пристигнува од редовите на Раднички Белград.

32-годишникот кариерата ја започна во Пелистер, а уште играше за Работнички, Брегалница и Струга Трим Љум, во странство играше во БиХ, Србија, Хрватска, Албанија, Бугајија и Грција. 

Алтипармаковски досега има одиграни 164 натпревари во ПМФЛ и постигна вкупно 41 гол. 

Александар Ванев, М-Нет