Прес конференција на ОО СДСМ Штип

На денешната прес конференција, претседателот на ОО СДСМ Штип, Павел Иванов обвини за скандалозно раководење со јавните финансиии поврзасни со спортската сала Џексон.

„Денеска излегуваме пред јавноста за да го отвориме прашањето за скандалозното раководење со јавните финансии и тендерските постапки во Општина Штип, конкретно поврзани со изградбата на спортската сала Џексон. Резултатите од анализата на Центарот за граѓански комуникации отвораат сериозни сомнежи за изигрување на законските процедури, фаворизирање и потенцијална злоупотреба на народните пари.

Дали првичниот проект бил намерно лошо подготвен за подоцна преку втор тендер да се испумпаат дополнителни милионски суми?

Додека ветените проекти се уште стојат на хартија, Јорданов ги троши парите на граѓаните за сопствени бизнис шеми.“, кажа Иванов

Иванов од прес конференцијата даде свој став за оваа сала

Иван Митев, М-Нет