
Прволигашот Тиквеш од Кавадарци закажа седум пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел во ПМФЛ.
Првиот тест ќе биде против второлигашот Вардар Неготино, потоа Победа, па Детонит Плачковица, ќе следува тест со Кожуф, па Дубочица, Силекс и “генералка” со шампионот Струга Трим Лум.
Тиквеш презими на 7. место со 22 на своето конто, а пролетниот дел го отвара против Брегалница во Штип.
Александар Ванев, М-Нет