
Амбициозниот третолигаш Шкендија Арачиново го промовираше Еркан Мурсели за нов тренер за пролетната полусезона од Третата македонска фудбалска лига – Север.
35-годишниот стратег ќе има многу важна задача како нов кормилар на Шкендија Арачиново, а тоа ќе биде да го освои првото место во Трета лига – Север и да го обезбеди баражот за Втора лига.
Претходно младиот стратег работеше во Шкупи.
Шкендија Арачиново есенскиот дел заврши на 2. место во Трета лига – Север.
Александар Ванев, М-Нет