
Некогашниот прволигаш од Тетово, екипата на Шкендија доби нов тренер. По заминувањето на Адријан Нухиу, тетовчани го промовираат Јетон Беќири како нов кормилар кој ќе ја води Шкендија во пролетниот предизвик за освојување на титулата во домашното првенство.
Младиот стратег е повратник во Тетово, откако претходно во два наврати беше привремен тренер на Шкендија, а во македонската јавноста е познат и како тренер кој Струга Трим Љум од Втора лига ја внесе во фудбалската „елита“ на Македонија.
41-годишниот стратег има успеси и со Дрита од Боговиње, бидејќи овој клуб токму Беќири го внесе во Прва лига, беше тренер и во Ренова, во албанското првенство ги водеше екипите на Билис и Фламуртари, а во Шкендија доаѓа од Ал Џабалаин од Саудиска Арабија, каде го раскина договорот каде во изминатите 15 месеци ја извршуваше функцијата менаџер односно директор на академијата.
„Да се биде тренер на Шкендија е голема привилегија и задоволство, но истовремено е и одговорност и мој личен предизвик. За овој дел сакам да им се заблагодарам на раководството на клубот и на сопствениците за укажаната доверба, со надеж дека на крајот ќе ги оствариме целите“, изјави Јетон Беќири по потпишувањето на договорот.
Шкендија презими на 3. место со 35 бодови на своето конто, а пролетниот дел го отвара против Македонија ЃП.
Александар Ванев, М-Нет