Дали МПЦ треба да го прифати Грегоријанскиот календар и Божиќ да слави на 25 декември?

За дел од верниците вчера беше Божиќ, друг дел Христовото Раѓање ќе го одбележат на 7 јануари. Големиот празник е посветен на големиот настан за сите христијани и е со единствено значење, но нема единствен термин за негово одбележување. Во христијанството сѐ уште има разлики за тоа кога треба да се слави, особено поради догматските несогласувања меѓу црквите и различните системи на мерење на времето. Католиците, протестантите и дел од православните христијани го имаат прифатено Грегоријанскиот календар, а дел од православните се водат според стариот Јулијански календар. Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква се оние кои го прифатија Грегоријанскиот, но Руската, Српската и Македонската православна црква, како и монасите на Света Гора и Ерусалимската патријаршија и понатаму се водат според Јулијанскиот. Што на ова велат штипјани? Дали и ние треба да го прифатиме Грегоријанскиот и Божик да го славиме на 25 декември.

Иако се правени обиди за усогласување на празнувањата меѓу „старокалендарците“ и „новокалендарците“, разликите остануваат, и покрај укажувањата на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божик во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 декември. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.

Иако многубројна популација луѓе времето го бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја, Грегоријанскиот календар денес е главниот временски ориентир по кој најголем дел од луѓето во светот ги одбележуваат настаните.

Ребека Спасова М-Нет