Битиќи: Приодбивки се забележуваат во сите сфери со изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

Кои се придобивките од изградбата на експресните патишта во Истокот? Вицепремиерот за економски прашања Битиќи заедно со министерката за животна средина Шукова и заменик министерката за здравство Манолева денеска беа во посета на кочанскиот регион. На терен разговараа со граѓани за придобивките од изградбата на експресниот пат Штип – Кочани.

„Со овој модерен експресен пат создадовме услови за безбедно патување на луѓето до посакуваните дестинации. Придобивките на кеспресниот пат Штип Кочани најдобро ги чуваствуваат компаниите од Истокот на кои им овозможивме брз транспорт на нивните стоки, а истовремено финансиски ги поддржуваме за нивна поголема конкурентност.“ – вели Битиќи.

Инфраструктурата придонесува и за подобра заштита на животната средина, истакна од кочаснко Шукова. Вели на тој начин се придонесува за подобро движење на возилата, но и подобрување на туризмот пред се во Источниот дел од државата.

„Секоја патна инфраструктура придонесува за подбро движење на сите, особено на возилата за отпад. Колку имаме подобра инфраструктура и двжење толку повеќе можеме да ја заштитиме животната средина. Во Истокот прогласивме две нови заштитени подрачја, осоговското и малешевското. И секако со подобрената патна инфраструктура дава можности за еко туризам во овој дел од државата“ – додава Шукова.

Подобар транспорт на пациентите од Истокот до соодветниот клинички центар обезбедува добрата инфраструктура, кажа Манолева. Додава дека на ваков начин Истокот во секоја свера се поврзува со центарот на државата.

Лаура Стојанова М-Нет