Најдоцна до јануари 2024 год. ќе се распише тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе

До крајот на годината или најдоцна почетокот на наредната година се очекува да започне тендерот за изградба на депонијата во Свети Николе. Во финална фаза е подготовката на тендерското досие истакна денеска од кочанско, министерката за животна средина Каја Шукова. Со околу 40 милиони евра во Истокот и Североистокот набавена е опрема, а во моментот се работи на затворање на помалите депонии, и пренасочување на отпадот од помалите кон поголемите депонии.

„Во финална фаза на подготовка е тендерското досие. Очекуваме до крајот на годината или најдоцна до јануари наредната година да биде распишан тендерот за изградба на централната депонија во Свети Николе и претоварните станици. Станува збор за финансики пакет од околу 40 милиони евра за Исток и Североисток кој опфаќа набавка на опрема која е набавена пред три години, канти, контејнери и возила, затворање на градските допонии. Првиот тендер е во фаза на импементација, дел од деппониите почнаа да се затвораат па се пренасочува отпадот од помалите депонии кон поголемите се до нивно финално затворање“ – вели Шукова.

Дел од помалите општини во изминатиот период започнаа со затворање на дивите депонии. Пример е Општина Карбинци каде се работеше на чистење и целосно затворање на депониите, а отпадот се транспортираше во Штип. Од друга страна Кочани и Виница го чекаат стартот на регионалната депонија оти од сега постоечките чадот го дишат секојдневно. Децидни се дека со новата депонија ќе се стави крај со проблемите кои ги имаат пример граѓаните во Кочани, оти депонијата речиси секогаш е запалена, па чадот е неподнослив најмногу за жителите од село Бели.

Лаура Стојанова М-Нет