
Со големиот натпревар „Пица или пастрмајлија“ вчеравечер во Штип започна светската недела на италијанската кујна. Гости од Италија, но и присутните од Штип и Македонија имаа прилика да го пробаат вкусот на италјанската пица и да го споредат со традиционалната штипска пастрмајлија. Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри истакна дека се споредуваат два скапоцени специјалитети на италијанската и македонската кујна.
-Многу сум среќен што оваа година италијанската Влада да ја кандидира италијанската кујна за нематеријалното богатство на УНЕСКО, бидејќи италијанската кујна не е само храна и рецепти, таа е богатство за сите граѓани и пријатели на италијанската кујна, вели Силвестри.
Соработката меѓу Македонија и Италија продолжува и се продлабочува преку вакви настани, дециден е градоначалникот Јорданов кој беше дел од настанот. Посочи дека задоволство е да се организираат вакви настани оти на ваков начин повеќе се зближуваат двете држави.
„ -Штип е познат по традиционалната штипска Пастрамајлија, но сега имаме можност да гледаме како на традиционален начин се подготвува и традиционалната италијанска храна, а тоа е пицата, којашто ќе се компарира со нашиот бренд штипската пастрамајлија, вели Јорданов.
.Познати пица мајстори од земјава и Италија за присутните вчеравчер на лице место ги проготвуваа познатите специјалитети.
Лаура Стојанова М-Нет